По повеќе од 200 години од смртта на великиот македонски преродбеник и книжевник Јоаким Крчовески, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, донесе одлука за канонизација на Крчовски.

На 22 мај во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ ќе биде извршена свечено прибројување на Крчовски во диптихот на светиите.

Во досегашните истражувања, Крчовски го сместуваат само во книжевноста, меѓутоа неговата дејност сеуште не е доволно прочуена. Овие денови од печат излезе нов труд, творба на сестринството од слепченскиот манастир „Свети Јован Претеча“ со наслов „Свети праведен Крчовски“, во која се изложени нови и значајни сознанија и расветлувања на овој македонски преродбеник.

Книгата „Свети праведен Крчовски“, покрај расветлувањето на годината на неговото раѓање и родно место, објавени се поинакви погледи за неговото творештво. Од творечкото перо на сестринството од Слепченскиот манастир по голема Божја милост, како што тие умеат да кажат, се создаде и акатист и прототипна икона на Јоаким Крчовски за негова достојна прослава.

-Презентирани се сериозни научни аргументи во полза на тезата дека овој наш преродбеник потекнува од село Крчово, во егејскиот Демир Хисар, спротивно на досегашното толкување дека неговото презиме потекнува од турското име на градот Кичево. Особено битно е што едем дел од поучните слова на Крчовски се преведени на современ македонски јазик, со што нивната поушна содржина се доближува до денешните верни чеда на Македонската православна црква, На тој начин Сестринството на Слепченскиот манастир го продолжува делото на праведниот отец Јоаким Крчовски, кој своите проповеди, исто така, ги пишувал и говорел во светите македонски храмови на разбирлив за верникот дијалектен говор – вели академик Ѓорѓи Поп Атанасов

-Кон значајните проучувачи на опусот на нашиот просветител годинава се вклучува и сестринството на манастир „Свети Јован Претеча“ од Слепче, кое во изминативе децении публикува содржајни поетски и монографски изданија. Низ проверени факти, преданија и записи, на страниците од овој колективен труд авторите преку прилежни текстови презентираат спектар на согледби за живот и книжевното дело на Јоаким Крчовски, вели Раде Силјан за трудот на Сестринството на Слепченскиот манастир

Најнова вест

Скандали се редат… Знаат ли премиерот и владата што кажуваат јавно

Ковачевски призна дека не контролира државни директори од СДСМ и ДУИ или нема безбедносен серификат