Славењето за историскиот пласман на Европското првенство 2021 фудбалската репрезентација на Македонија го продолжи со победа во Скопје и над Естонија од 2:1 во Лигата на нациите.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски таа ги задржа на првото место во групата и со уште една победа в среда против Ерменија на Кипар ќе им донесе пласман во дивизијата Б.

Петтата победа во последните осум меча за „црвено-жолтите“ ја најави Иван Тричковски во 29. минута, израмни Рауно Сапинен во 52. минута, а Влатко Стојановски во 68. минута погоди за три бода.