Веднаш по протестот за поддршка за осудените за 27ми април претставиници на МВР кои биле одговорни за обезбедување на јавниот ред и мир и за контрола на организираниот протест му се заблагодариле на организаторот Тодор Петров за мирниот и достоинствен настан.
Претставниците на полицијата биле задоволни што организаторите, во чие име како правно лице се појавува Светскиот Македонски конгрес, ги презеле сите потребни мерки и немало никакви прекршувања на законот.
Дури одговорните полицајци го информирале Петров, кој е претседател на СМК, дека се задоволни што никој од присутните не ширел говор на омраза на етничка, сексуална или верска основа.
Предходно СМК како правно лице ги презело сите неопходни подготовки почнувајќи од пријавување на протестот за што немало никаква пречка се до обезбедување на редари и марш-рутата по која се движеа демонстрантите.
Триесетина часа по добрата соработка со полициските службеници МВР на Петров му поднесе кривична пријава за организирање на протестот поради загрозување на јавното здравје.
Во изјавата за expres.mk Петров вели дека најверојатно се работи за политичка наредба од високи владини функционери во знак на одмазда за успехот на настанот. Вели дека иако со оваа власт се е можно не се плаши од ништо затоа што успехот на масовниот протест не може да го наруши ниту една кривична пријава или политички реваншизам.
Петров дека ако се смета масовноста на протестот нема да биде страшно ако и тој заврши в затвор како што со политичка одлука в затвор лежат осудените за 27 април.
Последна вест
Што може да каже Министерката на овие аргументи
Информатичар ги дотолчи позициите на Царовска за печатените учебници