Пред да одлучи за Пауновски, Заев утре ќе се сретне со инспекторите

Премиерот Зоран Зае утре ќе прими претставници на Државниот пазарн инспекторат пред да донесе одлука за најавеното разрешување на директорот Стојко Пауновски.

Тие веќе собираа потсписи за петиција со која се спротивставуваат на разрешувањето давајќи поддржка на Пауновски кој, пак, одби да ги прими сите 35 „рамковни“ инспектори со образложение дека поголемиот дел од нив немаат соодветна стручна подготовка.

Премиерот Заев оцени дека ставот на ОПауновски, но и неговите јавни изјави претставуваа „пркос и непочитиување на владина хиерархија“, по што најави негова смена.

„Состанокот е да се слушнат нивните аргументи. Јасно ги знам прописите, правилата и етичкото постапување и јасно знам каде сака оваа Влада да стигне во својата поставеност, но секако не се сметаме за најпаметни и најинформирани“, додава премиерот.

Дали ова значи дека премиерот може да се премисли. ќе се знае утре.