Лидерот на Левица Димитар Апасиев синоќа го обзнани рефередумското прашање околу францускиотн предлот кој во себе ја крие бугарската намера за притисок врз Македонија за признавање на низа „прашања“ кои на крајот треба Македонија да признае „бугарско потекло“ на историја, јазик , култура, внесување на Бугари во Уставот… како услов за подигање на рампата од Софија за преговори на Македонија со ЕУ.

Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година“, е прашањето со кое Левица ја најави новата иницијатива за референдумско изјаснување.

Адвокатот Тони Менкиновски, во изјава за весникот ВЕЧЕР, вели дека за вакви сериозни иницијативи прашањето треба да биде посериозно систематизирано, а во договарањето на формулациите да бидат консултирани и лингвисти.

„Сметам дека референдумското прашање треба да биде посистематизирано од страна на македонските лингвисти за народот да не се доведе во заблуда“, вели адвокатот Тони Менкиновски во изјава за весникот ВЕЧЕР.

„Семантиката на сегашното прашање на Левица не содржи прецизно барање околу Договорот и договорите со Бугарија“, вели Менкиновски.

„Многу е генерално прашањето. Во една иста реченица се ставени сите Заклучоци, а, од друга страна, сите заклучоци не се спорни, туку само дел се посочени како проблематични“, вели Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур, пренесе Дојче веле.