„Пратеникот на Движењето Беса Фадил Зендели изјави дека протестите се демократско право на секој граѓанин, но и оти протестите, што се одржуваат во Скопје против францускиот предлог, треба да бидат ненасилни и да не ги загрозуваат меѓуетничките односи.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.
„Лајм“ го пренесува ставот на пратеникот Зендели: „Протестите се демократско право, право на граѓаните и политичките субјекти. Тие можат да организираат протести, да ги пројавуваат своите политички и општествени ставови. Но, протестите мора да бидат демократски, мора да бидат мирни, не треба да го оштетуваат имотот на граѓаните, не смеат да ги нарушуваат меѓуетничките односи, кои се многу чувствителни кај нас.“