Пратеникот од редовите ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, прашува зошто министерот за земјоделство Љупчо Николовски го обелодени името на еден од полицајците кој вчера си ја вршеа работата на граничниот премин Деве Баир, за што претседателот на бугарската Фондација „Македонија“ на Фејсбук распиша „потерница“ уи нудеше 200 евра на Фејсбук.

Неколку часа по јавно објавената понуда, министерот Љупчо Николовски напиша фејсбук статус со кој го обелодени неговото име.

Дали Љупчо Николовски е политички неписмен или свесно го пиша името на полицаецот кој на 4 ти февруари работел на ГП Деве Баир прашува Петрушевски во статус исто така објавен на Фејсбук.