Единствениот пратеник во албанскиот парламент Васил Стерјовски вчера бил дел од албанска официјална делегација која се сретнала со македонскиот државен врв.

Според Стерјовски тој имал средби не во Северна туку во Република Македонија.

“Со претседателот на парламентарната група на Социјалистичката партија, Таулант Бала и градоначалникот на општина Прењас, Нури Белба остваривме средби со премиерот, претседателот на државата, претседателот на Собранието и министерот за внатрешни работи на Република Македонија”, напиша Стерјовски кој е пратеник на партијата Македонска Алијанса за европска интеграција.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10220388163707707&id=1038927768