Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски за кого се пишува дека ќе се спаси од прогон за случајот за кој се гони со новите промени на Кривичниот законик, бара Пендаровски да не го потпишува указот.
Милошоски кој со години се гони за случајот ,,Моќник” за дело за кое нема речиси никакви докази бара законот да не стапи во сила иако со застарување директно се спасува со промените што ги предложија СДСМ и ДУИ.
За него законот е донесен со злоупотреба на европското знаменце.
,Со злоупотребата на европското знаменце за политички дизајнираните измени на Кривичниот законик му се нанесува сериозна штета на правосудниот систем во Македонија.
Затоа, и од легалистички, и од политички аспект, би било исправно доколку Претседателот Пендаровски не го потпише овој законски проект на ДУИ и СДСМ, и законот за измени во Кривичниот законик го врати на повторна расправа во Собранието.
Таквиот потег на Пендаровски прво ќе значи спротивставување на владината злоупотреба на европското знаменце, а истовремено ќе даде шанса и за јавна дебата на оваа тема со адвокатската комора, здружението на судии и катедрите за кривично право при правните факултети во државава.
Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ вчера гласаше против законот а барањето на Милошоски е контра тврдењето на СДСМ и ДУИ дека законот е сменет на барање на ВМРО-ДПМНЕ.