Пратеник на власта за Евровизија влезе во конфликт со Словенија, Израел и дијаспората

Екс советник на премиерот Заев а сега пратеник на владеачката коалиција под емоции од вчерашната Евровизија направи три дипломатски гафа кои се дозволени за обичен човек но не и за претставник на државата и власта.Најпрво пратеникот на партијата за Општествен и економски напредок ПОЕН Рубин Земон ја обвини дијаспората дека не сакала да потроши половина евро за гласање за Тамара на Евровизија.За него е срамна реакцијата на дијаспората која во огромен дел ја бојкотираше Тамара заради тоа што настапуваше како претставник на Северна Македонија.”Ете народе видовме колку дијаспората се залага за промоција и гордеење со македонската култура.Не сакаат ниту 50 центи да потрошат!Срамота!Браво за музичките професионалци ширум Европа, ја оценија нашата композиција како втора во Европа за оваа година”, напиша пратеникот и екс советник за мултикултурализам на прениерот Заев.Покрај нападот врз дијаспората Земон го нападна домаќинот на Евровизија Израел.Тој го поздрави “храбиот и хуманистички потег на Исланѓаните” кои покажаа знаме на Палестина во салата и го повика официјален Тел Авив “Израел да прекине со политиките на поделеното општество”.Третата дипломатска грешка што ја направи соработникот на Заев за мултикултура е пораката дека мислел за Словенија како за пријател, со што индиректно може да се толкува дека дежелата за него е непријател.Земон и во минатото давал контраверзни изјави како кога го навреди Стојанче Стоилов на интелектуална основа.https://www.expres.mk/sovetnik-na-zaev-go-proglasi-stole-stoilov-za-egocentrik-i-mentalno-nestabilen/