Пратеник на ДУИ од Албанец станал Македонец за да добие државна работа

Пратеник на Демократската Унија за Интеграција со албанска етничка припадност е претставен како Македонец во договор со кој е примен на работно место во државна институција.

Пратеникот кој е дел од Собранието потпишал документ со кој тврди дека е Македонец по што го добил посакуваното работно место.

Според договорот пратеникот на работното место добива над 37 илјади денари плата и учествува во распределба на евентуални добивки на институцијата.

Промена на националност кај пониски структури кај владеачките политички партии имало и во предходни други случаи но ова е прв пат висок функционер на ДУИ или СДСМ да ја промени етничката припадност со цел добивање на “државна работа”.