Пратеникот и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ кој е еден од тројцата пратеници што гласаа против документот со кој Парламентот ја осуди Русија за инвазијата во Украина, одбива да се восхитува на тие што заземаат страна во конфликтот а не можат да обезбедат пласман на македонските производи жртва на санкциите кон Русија.
,, Извинете, не сум подготвен да им се восхитувам на умислените марионети кои како збрлавени ги мантраат валканите флоскули од западниот арсенал на антируска хистерија, а сѐ уште не ни почнале да бараат алтернативен пласман за праски од кавадаречко, јаболка од ресенско, домати од струмичко и зелка од кумановско. Важно, Орвеловата „Фарма“ работи со полна пареа. Но… Нас во Собрание нѐ донесоа нашите селани и нашите работници за да го штитиме нивниот интерес, а не валканиот капитал на глобалистичката олигархија. Затоа, не треба да ве зачудува доминантното расположение на нашите луѓе, туку треба да ве плаши што сте на другата страна од својот народ, а крајот ќе го каже историјата. Јас и овојпат го одбирам потешкиот пат. Впрочем, Actum est, ilicet, некој ќе мора да ѝ ја отвори вратата на Македонија во новата реалност, а таа неминовно доаѓа”, порачува Стоиљковиќ кој во објавеното видео цитира сцена од филм за Исус.
Линк до видеото