Новинарот Горан Момироски во емисијата „Заспиј ако можеш“ открива профили на дел од луѓето кој што се можни таргети на американскиот антикорупциски тим од министерството за финансии на САД кој е дојден во Скопје.
Еден од луѓето кои можат да се најдат на Црната листа на САД е актуелен политичар од ДУИ кој има огромен бизнис со државни институции а порано беше во коалиција со други партии на власт.
Тоа најверојатно е дел од причината поради која американската амбасадорка Ангела Агелер вчера веднаш по објавениот твит со кој најавува војна против корупцијата замина на средба со ДУИ а Ахмети во обид да се прикаже како конструктивен од збунетост наместо со албанско ја дочека со македонско државно знаме.
Предходно пред десет дена односно една недела пред тоа да го објави амбасадорката Агелер, Момироски откри дека во Скопје се дојдени луѓе кои работат на проверки на потенцијални политичари кои веќе се или е можно да се најдат на американската цена листа.
Момироски вчера откри и дека можен таргет и цел на проверка од американските експерти кои работат на листата на санкционирани лица од САД е уште еден македонски политичар, порано дел од безбедносниот состав кој беше дел од тајните служби а сега официјално не е во политиката.
Целата емисија