Пратениците одлучуваат за продолжување на кризната состојба во енергетиката

Владиниот предлог, кризната состојба во делот на енергетикта на територија на цела држава треба да биде продолжена до 30 април 2022, денеска ќе се најде пред пратениците.

За Предлог-одлуката вчера расправаше собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

„Имаме доволно аргументи за да побараме шест месеци период на енергетска криза, бидејќи сметам дека граѓаните заслужуваат соодветно да бидат испочитувани со соодветни мерки за најмалку да ја почувствуваат кризата“, рече ицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на вчерашната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Во случај Собранието да одлучи дека не треба да се продолжи кризната состојба, посочи Битиќи, можноста навремено да се интервенира, ќе биде невозможна.

Опозицијата обвини дека Владата не носи соодветни и навремени мерки за справување со кризата, а министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на ваквите обвинувања ги повика пратениците од опозицијата да излезат со конкретни мерки за надминување на кризата.

Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба до 30 април 2023 година беше утврдена на владина седница на 13 септември, а ако го помине собранискиот филтер, треба да почне да се применува од 1 октомври.