Вчера бевме известени дека предложениот амандман за зголемување на платите во Полицијата за 10 % и враќање на дневниците за службено патување беше одбиен со заслуга на претставниците на власта во парламентот, стои во соопштението на полицискиот синдикат СПМ.
„Ние прашуваме сошто?
Која е причината заради која не го изгласаа овој амандман? Дали работникот во МВР стана последна дупка на кавалот и дали заслужил полицаецот ваков игнорантски однос од сопствената власт? Во очи на предизборен и изборен процес кога се бара апсолутен професионализам, каде ангажманот на полицијата ќе биде клучен и максимален, власта не дозволува покачување на платите на истите тие полицајци?
До кога ние ќе чекаме корка леб? До кога ќе се изложуваме на огромни ризици за трошки и до кога ќе бидеме заложници на одредена група на самопромовирани водачи?
Господа, Внимавајте со чекорењето и ветувањата, да не испадне онаа старата “Колку пари, толку музика”.
Оваа финансиска и психичка тортура веќе ги премина сите граници на нормално и ненормално!!! Златна професија ја уништивте, ја доведовте Полицијата на дно и верувајте тоа за неколкумесеци од сега НЕМА ДА ВИ ПРОСТИМЕ!, пишува во соопштението на СПМ.