Пратениците на СДСМ не го сакаат пак Богов за гувернер (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека парламентарната група на СДСМ не го прифаќа предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, актуелниот гувернер Димитар Богов да продолжи уште еден мандат на чело на НБРМ.

„Ова е сериозна ситуација, јас верувам дека по пат на кохабитација и дијалогот што го имаме ќе изнајдеме решение. Правото е апсолутно на претседателот да предложи, но правото е и на парламентарното мнозинство да избере гувернер“ вели премиерот.

Тој рече дека имал средба со Иванов во март на која се зборувало за ова – како што вчера беше соопштено и од кабинетот на претседателот – но премиерот вели дека немало и друга туку Иванов сам одлучил да го предложи Богов без претходно за тоа да го извести премиерот.