Пратениците на „Има таков народ“ го напуштија парламентот

„Ние не сме проблем, ние сме решение за проблемот, но ова очигледно ќе се случи на следните избори“.

Ова го изјави пратеникот од „Има таков народ“ Ивајло Валчев од собраниската трибинаоткако целата пратеничка група на партијата ја напушти пленарната сала, јави БГНЕС.

Тие одбија да учествуваат во денешната дискусија и да гласаат за повлекување на Пламен Николов како кандидат за премиер, откако предложената влада на популарниот ТВ водител не доби поддршка од другите партии.

Бугарскиот Парламент гласа за одлуката со која „мандатот за формирање влада од најголемата партија „Има таков народ” е неуспешен”.

Според уставната процедура, втората по големина партија, ГЕРБ, треба да добие мандат за формирање влада. Нејзиниот лидер, Бојко Борисов, најави дека ќе го земат мандатот и ќе го предложат заменик -претседателот на партијата Даниел Митов за премиер, а потоа веднаш ќе го вратат до претседателот Румен Радев.

Повеќето лидери на другите парламентарни партии, со исклучок на ГЕРБ и ДПС, се надеваат дека претседателот Румен Радев мандатот ќе и го предаде на БСП или „Застани БГ. Доаѓаме” и тие да формираат влада што ќе работи до мај 2022 година, кога би се одржале нови парламентарни избори.