Со 82 гласа „ За“ Собранието донесе Одлука за формирање анкетна комисија за мега скандалот на клиниката за Онкологија и Радиологија .
Власта прифати да се формира анектна комисија под притисок на опозициската ВМРО – ДПМНЕ која треба да утврди дали се загрозени основните човекови права на пациентите што се лекувале од моментот на ставањето надвор од употреба на КАТО-системот за подготовка на цитостатиците. Комисијата најдоцна по еден месец од завршувањето на својата работа ќе треба да му поднесе конечен извештај на собранието.
Во комисијата ќе учествуваат 14 пратеници, шест на ВМРО-ДПМНЕ, пет на СДСМ, два на ДУИ и еден на Алијанса за Албанците.