Додека владата и пратениците во владиниот и собранискиот ресторан јадат речиси за џабе пратенички на СДСМ и ЛДП се обидуваат на дел од студентите да им го скратат евтиниот студентски оброк.
🚩⚠️ Пратеничките Жаклина Лазаревска (СДСМ), Моника Зајкова (ЛДП), Санела Шкрељ и други, предложија измена на Законот за студентски оброк, со што правото на субвенциониран студентски оброк ќе го изгубат студентите кои добиваат стипендија и студентите чии родител/и имаат месечен приход над минималната нето-плата од 18.000 денари, објави пратеникот Антонио Милошоски кој открива дека и на апсолвентите им се укинува правото на субвенциониран студентски оброк!
📌 Во обид да се истакнат пред “шефовите” во владата, овие пратеници со ваквиот предлог сериозно го загрозуваат стандардот на илјадници студенти и го укинуваат нивното стекнато право на студентски оброк, пишува Милошоски кој објавува и копија од законските измени предложени од СДСМ и ЛДП.