Пратеничката и професорка Велика Стојкова Серафимовска точно претпоставувала кога во Собранието постави пратеничко прашање до министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска за цензурата под бугарски диктат.

На собраниска седница за пратенички прашања Стојкова Серафимовска директно ја прашала министерката дали на пример филмот Трето полувреме ќе биде забранет.

Од Костадинова Стојчевска не добила директен одговор за вчера преку Гласот на Америка да дознаеме дека министерката од уметниците бара да не ја чепкаат историјата туку да го забавуваат народот што е втор име за цензура за историските прашања поврзани со Бугарија.

,,Една недела од поставеното пратеничко прашање до министерката за култура за опасноста од уметничка цензура предвидена со Францускиот договор, Бисера си го поништи одговорот.
Министер за култура што не ја познава културата секако не знае ни што збори”, пишува Стојкова Серафимовска по изјавата на министерката.

Што рече Стојкова Серафимовска во собранието пред една недела