Народен пратеник од коалицијата предводена од СДСМ плачела на средба со колеги од земја членка на ЕУ.
Причината е тоа што датум за ЕУ нема а таа учествувала во промена на името.
Пратеничката Лилјана Поповска (ДОМ), низ солзи им се обратила на колеги од хрватскиот Сабор, на денешната средба во Собранието, со голема вознемиреност заради можното недобивање на датум за преговори со ЕУ, објави Магазин од каде се повикуваат на собраниски извори.
Во своето емотивно обраќање пратеничката Поповска истакнала дека пратениците од собраниското мнозинство изгласале се што било побарано од нив, па дури и претешките отстапки како договорот со Атина, договорот со Софија и болното менување на Уставот. “Со гласањето за смена на името и за смена на Уставот ние ги предадовме нашите идеали, и ќе биде голем срам, ќе предизвика голем политички потрес и фрустрации во државата доколку сега ЕУ повторно не ни додели датум за почеток на пристапните преговори“, истакнала драматично Лилјана Поповска и се извинила за солзите.
Двајцата копретседавачи со состанокот, пратениците Емил Димитриев и Домагој Милошевиќ, се збуниле од емотивниот настап на Поповска, но конверзацијата продолжила во пријателски тон.
Целата информација на магазин.мк овде