Пратеничка на СДСМ мисли дека на граѓаните не е им е важно дали некој функционер што краде лежи 5 или 10 години (ВИДЕО)

Пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска од Охрид мисли дека на граѓаните не е им е важно дали некој функционер што краде лежи 5 или 10 години.

Гостувајќи во емисијата Анализа на ТВ24 таа обидувајќи се да ја релативизира одлуката на власта да ги намали канџите за корупција на владините функционери вели дека на граѓаните не им било важно колку долго ќе лежат тие што крадат од нив.

Лазаревска појаснува дека измените на Кривичниот законик биле направени заради усогласување на нашето законодавство со директивите на ЕУ, па така се воведува проширена конфискација.

– Не е точно дека сме ги амнестирале криминалците со бели крагни, вели Лазаревска и додава дека членот 353 секој си го толкува како што сака без да се докаже нечија вина за конкретно дело.

Лазаревска вели дека функционери може да се гонат според многу други членови од Кривичниот законик, па не е потребно да постои членот 353.

Лазаревска образложува дека криминалците во бели крагни најмногу ги боли кога ќе им се одземе украденото.

Цела емисија на овој линк

https://fb.watch/nkYMtGjBRo/?mibextid=Nif5oz

Делот каде Лазаревска го кажува чудниот став