Шилегов го прашаа: А училиштата „Жинзифов“ и „Вапцаров“ во Чаир ќе ги добијат старите имиња!?

„Едно од моите предизборни ветувања беше враќање на идентитетот на Скопје. Ги враќаме старите имиња на добро познатите скопски улици“, порача градоначалникот Петре Шилегов, па доби прашање поврзано токму со враќањето на идентитетот и на старите имиња:

Од март 2020 година, со решение на Централниот регистар, и официјално училиштето „Рајко Жинзифов“ е преименувано во „Исмаил Ќемали“, а „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“.

Ќемали е политичар и дипломат што се смета за основач на современа Албанија, а Елези е припадник на ОНА убиен од македонските безбедносни сили во Матејче во 2001 година.