Има ли шанса македонските социјалдемократи да се вратат кон асномското јадро, прашува екс вицепремиерот за евроинтеграции и амбасадор Ивица Боцевски во колумна за Нова Македонија.

,,По 19 јули, едно е јасно, СДСМ дефинитивно раскрсти со сето свое историско бреме што го носеше уште од Сојузот на комунистите на Македонија, но, што е уште потрагично за таа партија, тие го изгубија и последниот потпорен столб како организација – АСНОМ, историското наследство на Народноослободителната борба на македонскиот народ и партизанската традиција. А, штом една партија ќе се испразни од причините за своето постоење, тогаш се претвора во друг тип на организација – банда, дружина, мафија и други извитоперени форми на човечко здружување”, која како политиколог не помни дали во кратката македонска демократска историја досега се случило една партија да се откаже од самата основна идеја-водилка на своето постоење и да се претвори во сениште што ги уништува, гази и сотира своите идеолошки темели.

Според него се случувало некои политички партии да изумрат, некои и ден-денес „одат како зомби“, но тој не се сеќава на ваков драматичен пад.

,,Иако дејствува смешно и чудно од денешна перспектива, СДСМ навистина ги дочека демократизацијата и независноста како единствена државотворна партија. Не само тоа туку и самата македонска демократизација ја предводеше тогашниот Сојуз на комунистите на Македонија, подоцна со додавката Партија за демократска преобразба, а и раскинувањето на врските со Југославија, исто така, го започна тогашниот СКМ, како одговор на хегемонистичките тенденции на Слободан Милошевиќ за една поинаква Југославија. Со ова скорашно наследство, но и со историјата на единствена партија во македонскиот социјализам, филтер за селекција, промоција и кооптирање на целата македонска елита (политичка, бизнис, културна, административна, образовна и така натаму), СДСМ зачекори во 1990-тите години”, пишува Боцевски за партијата која според анкетите на било кои следни избори, кога и да се одржат ќе доживее тежок дебакл.

Целата колумна овде

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/vrakjanje-kon-asnomskoto-jadro-na-socijaldemokratite/