Во пост со наслов ,,ДИМНА ЗАВЕСА…”, ДИМНА ЗАВЕСА…” екс пратеникот Илија Димовски бара одговори на 15 прашања од новата структура во СДСМ за да се дојде до одговор на прашањето дали ќе има континуитет на катастрофалното владеење од структурата на Зоран Заев.
,,После веќе извесното заокружување на процесите на трансфер на функции во СДСМ, таа партија треба да одговори на следните прашања:
1. Дали се согласува со досегашната политика спрема соседна Бугарија?
2. Дали се согласува со политиката на дестимулација на странски директни инвестиции?
3. Дали ќе превземе чекори за намалување на државниот апарат? (кој за четири години е зголемен за скоро 30.000)…
4. Дали ќе се извини за насилниот процес на промена на Уставот и уставното име во Собранието на Република Македонија?
5. Дали ќе ја продолжи праксата на политички реваншистички судски случаи?
6. Дали ќе ја одложи примената на законот за зголемување на даноците?
7. Дали ќе ги врати законските одредби за поголема контрола на јавните набавки?
8. Дали ќе влезе во сериозна војна со нарко картелите низ Македонија?
9. Дали планира промена на политиката во правец на зголемување на капиталните расходи од Буџетот на Република Македонија, кои ги десеткуваа овие години?
10. Дали ќе се извини за “реформите во образованието” на Мила Царовска?
11. Дали ќе поведе иницијатива за утврдување на одговорност во случаите тетовска болница и Беса-травел?
12. Дали некој ќе сноси одговорност за скоро дупло намаленото производство на електрична енергија во државните енергетски капацитети?
13. Дали ќе го спроведат ветувањето за една изборна единица?
14. Дали некој ќе сноси одговорност за запрената градба на Клинички центар во Скопје и Клиничка болница во Штип?
15. Дали ќе продолжи праксата на “европско знаме” за криминални закони во Собранието на Република Македонија?
Без адекватни одговори на овие 15 прашања и на ним слични, запрете ги рекламните настапи за “нови лица” и “нови политики”, бидејќи ќе остане само суровата реалност дека оваа промена во СДСМ ќе е димна завеса за затскривање на катастрофите кои СДСМ ги направи во минатите скоро 5 години…
После веќе извесното заокружување на процесите на трансфер на функции во СДСМ, таа партија треба да одговори на следните прашања:
1. Дали се согласува со досегашната политика спрема соседна Бугарија?
2. Дали се согласува со политиката на дестимулација на странски директни инвестиции?
3. Дали ќе превземе чекори за намалување на државниот апарат? (кој за четири години е зголемен за скоро 30.000)…
4. Дали ќе се извини за насилниот процес на промена на Уставот и уставното име во Собранието на Република Македонија?
5. Дали ќе ја продолжи праксата на политички реваншистички судски случаи?
6. Дали ќе ја одложи примената на законот за зголемување на даноците?
7. Дали ќе ги врати законските одредби за поголема контрола на јавните набавки?
8. Дали ќе влезе во сериозна војна со нарко картелите низ Македонија?
9. Дали планира промена на политиката во правец на зголемување на капиталните расходи од Буџетот на Република Македонија, кои ги десеткуваа овие години?
10. Дали ќе се извини за “реформите во образованието” на Мила Царовска?
11. Дали ќе поведе иницијатива за утврдување на одговорност во случаите тетовска болница и Беса-травел?
12. Дали некој ќе сноси одговорност за скоро дупло намаленото производство на електрична енергија во државните енергетски капацитети?
13. Дали ќе го спроведат ветувањето за една изборна единица?
14. Дали некој ќе сноси одговорност за запрената градба на Клинички центар во Скопје и Клиничка болница во Штип?
15. Дали ќе продолжи праксата на “европско знаме” за криминални закони во Собранието на Република Македонија?
Без адекватни одговори на овие 15 прашања и на ним слични, запрете ги рекламните настапи за “нови лица” и “нови политики”, бидејќи ќе остане само суровата реалност дека оваа промена во СДСМ ќе е димна завеса за затскривање на катастрофите кои СДСМ ги направи во минатите скоро 5 години…”, пишува Димовски.
Новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски беше избран на директни партиски избори но предходно беше промовиран и фаворизирани од страна на Заев.