Прашања кои го мачат твитерџија за запаленото македонско знаме во Софија во ноември

Твитерџија од Македонија реагира за осудата од бугарска и од македонска страна за запаленото знаме на Бугарија во Вевчани со контрапрашања за изгореното македонско знаме минатиот ноември во Софија, заедно со српското.

Настанот во Бугарија за кој пишува твитерџијата и за кој информираше и expres.mk е овековечен во видео, во кое непознати лица, кои не се во кадарот, ги палат знамињата на Македонија и на Србија, поставени едно до друго. Палењето не го вршат луѓе директно, туку преку долга алатка на која има запалено оган.

На видеото на бугарски јазик пишува „Македонија е бугарска“ и „Смрт за Србија“. Во него се гледа мапа на Голема Бугарија од Сан Стефано со Македонија во границите на Бугарија и логото на партијата ВМРО-БНД на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.