Од ВМРО-ДПМНЕ утрово објавија Вајбер преписка поради која ги обвинија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев, дека е формирана специјална група од полицајци, чија задача е да малтретира членови на нивната партија за време на локалните избори.

Од опозициската партија тврдат дека посочената полициска група се координирала од повисока инстанца преку група на Вајбер, а во јавноста случајот излегол бидејќи дел од полицајците не сакале да бидат дел од овие активности, по што протекле информациите.


“Ова се дел од лицата за кои имаме информации дека се дел од злосторничката група која давала наредби за тепање, убивање и казнување. Сите до еден се вработени во МВР и сите до еден одработувале за Заев и Спасовски: Дарко Цуцулоски – Командир на ОВР Прилеп, Трајан Комиција – Командир на БПС Прилеп, Емилија Велкоска – Началник на НККР Прилеп, Андреј Лашкоски – БПС, Игор Нешкоски – БПС, Стефан – гранична, Давор Паскоски – БПС, Мелита – ПС, Невенче – администратор во БПС, Кире Китаноски – личен шофер на Оливер Лукароски, Коста Талески – ПС во дежурна, Венко Илиески – БПС, Валентин Димоски – БПС, Жарко Цуцулоски – БПС, Андреј Дукоски – БПС, Теодора Китаноска – БПС, Александар Крајоски – БПС, Љубе Стојаноски – БПС, Стефан Кучкарот – БПС, Борче Црнески – БПС, Ванеса Колашинац – Заменик командир на ОВР Прилеп, Анастас Паризо – БПС, Игор Божиноски – БПС, Марјан Мачорот – БПС”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу наведените има и син на шофер на актуелниот градоначалник.

Од МВР ги отфрлаат обвинувањата на опозицијата но најавуваат дека ќе биде спроведена истрага за да се испитаат наводите на опозицијата.