Позната е агендата на самитот на Европската унија што ќе се одржи на 23/24 јуни на крајот на француското претседателство со ЕУ.
Според провизорната агенда на самитот која најчесто не се менува на дневен ред се пет точки меѓу кои ја нема точката проширување или почеток на преговори за Македонија и Албанија.
Засега агендата ги содржи овие пет точки:
1. Усвојување на дневен ред
2. Украина
3. Економски прашања
4. Конференција за иднината на Европа
5. Поширока Европа
Теоретски можно е агендата да се промени доколку успее меѓународниот притисок што интензивно се врши врз Бугарија од страна на САД, Франција и Германија.
Доколку пак Македонија и Албанија станат дел од четвртата или петтата точка кои се однесуваат на иднината на Европа или на поширока Европа тоа ќе биде лоша вест за Македонците и Албанците затоа што тоа би можело да значи дека процесот на проширување онаков каков што го знаеме досега е мртов.
Пред самитот на ЕУ во Брисел ќе се одржи и состанок на тема Западен Балкан – ЕУ но засега нема конкретни навестување што ќе бидат специфичните теми на овој состанок.