Познат напаѓачот на седиштето на ЕУ во Скопје

Рано изутрина во 04.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во центарот на скопје на булевар „Кирил и Методиј“, лицето Д.А.(22) од Скопје со употреба на физичка сила извршил оштетување на две стаклени врати на објектот во кој што е сместен Инфоцентарот на Европска Унија.

Тој бил приведен во Полициската станица Центар и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведеното лице според информации од полицијата немало намера да краде туку делото го сторило во знак на протест.