Не може ни приближно да се процени материјалната штета од катастрофалниот пожар кој го зафати источниот дел од полуостровот Атика, а грчките медиуми јавуваат за половично или целосно уништени населени места како што е Мати.
Според градоначалникот на Рафинас-Пикермиу, Вангелис Бурнос, изгореле повеќе од 1.500 домови, а голем број од нив се целосно уништени.
Властите стравуваат дека црниот биланс од 79 загинати, според „Катимерини“ би можел да се зголеми бидејќи десетици лица се водат за исчезнати, а повеќе од 150 се задржани во болница.
Премиерот Алексис Ципрас прогласи тридневна жалост.
Спасувачки екипи уште се во потрага по тела на луѓето кои побарале спас од огнената стихија во морето.
Пожарот е изгаснат, но сега доаѓа најтешкиот дел – се пребаруваат куќа по куќа и опожарените автомобили во потрага по евентуални жртви кои не успеале да избегаат од пожарот.
Се пребарува теренот во потрага по евентуално преживеани од пожарите што опустошија неколку региони во близина на Атина.
Одделот за противпожарна заштита ги повикува роднините и роднините на исчезнатите лица, да обезбедат, потребните информации и податоци.
Над 180 лица беа хоспитализирани. Според најновите официјални податоци, 71 лице се уште се хоспитализирани.