Пожар во зграда на руската служба за безбедност (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се споделува драматична снимка на која се гледа како огромен пожар зафатил делови од зградата на Руската служба за безбедност (ФСБ) во градот Ростов.

Едно лице загина, а две се повредени во пожарот, информираат од итната помош.

Според гувернерот на Ростовската област Василиј Голубев, причина за пожарот е краток спој во електричните инсталации.

Руската новинска агенција Тас наведува дека зградата во која избувнал пожарот ја користела службата за гранични патролин на ФСБ .