Пожар избувна во петокот вечерта во комплексот на најголемото шиитско светилиште во североисточниот дел на Иран, јавија медиуми.
Според соопштението на иранката агенција ИРНА, причина за пожарот била една од машините за чистење во дворот на храмот Имам Реза во североисточниот град Машхад која – запалила.
Храмот, кој се наоѓа на околу 900 километри североисточно од главниот град Техеран, е најголемиот гробен комплекс во Иран и едно од најпосетуваните места во земјата.
Годишно привлекува околу 20 милиони луѓе, главно Иранци и шиитски верници од соседните земји како Ирак и Пакистан.
