Најмалку едно лице загина, а две се тешко повредени во пожар во болница во Солун, објави „Катимерини“.
Пожарот избувна нешто по 9 часот локално во одделението за лекување КОВИД-19 на вториот кат во болницата Папаниколау во пристанишниот град, каде во моментот се лекуваат 20 пациенти.
Тие, заедно со персоналот и пациентите и персоналот од другите одделенија, беа евакуирани. Со пожарот се борат 30 пожарникари со 11 противпожарни возила. Засега не е позната сумата за пожарот.
