Пожар во Гевгелија во близина на граничиот премин Богородица

Пожар попладнево е регистриран и во Гевгелија, над казиното „Фламинго“, во близина на автопатот и ГП Богородица.

Во пожарот кој избувнал на пладне гори борова шума кај граничната караула на АРМ.

Медиуми јавуваат дека ГП Гевгелија бил времено затворен, а возила се пренасочувале кон грничниот премин „Дојран“.

Сè уште нема официјални информации за димензиите на пожарот и евентуалната штета.

На терен се противпожарните екипи, а според информациите гори градската депонија. Ова го јавуваат од невладината организација „Спас за Гевгелија“.

„Моментално, ТППЕ- Гевгелија со две возила и мобилизирани пожарникари, како и вработени од ЈПКД „Комуналец“ со едно возило и механизација се на терен и преземаат мерки за локализирање на истиот. Според информациите од ТППЕ- Гевгелија, пожарот зафаќа борова шума, а огнените јазици се шират кон грчката територија. Од страна на надлежните се информирани и грчките пожарникари. Засега не се познати причините за настанување на елементарната непогода“,велат од Општината.