Пожар под трибините на Градскиот стадион во Тетово

Четири возила и деветмина пожарникари синоќа го гасеа пожарот што избил под трибините на Градскиот стадион во Тетово.

Пожарот почнал откако најпрво се запалил дел од дуќаните под трибините. Нема повредени во пожарот кој избил во 20,35 часот, а бил локализиран во 21.45 часот, јави Тетовоинфо“.


„Изгореа и дел од столчињата на стадионот“, изјави Ука Алити, командант на тетовската пожарна.