Противници по мерка доби фудбалската репрезентација на Македонија во второто издание на Лигата на нациите, во кое ќе ги одмери силите со Грузија, со Естонија и со Ерменија во втората група од дивизијата Ц.
„Најискрено, во овој момент сите мисли и целата концентрација ни sе насоченi кон натпреварот со Косово. Но, бидејќи веќе ги добивме противниците за новото издание од Лига на нации, согласно нашиот квалитет и прикажаните игри и резултати во изминатиот период, целта на Македонија ќе биде борба за првото место. Во минатите квалификации многу пати покажавме дека рамноправно се носиме со кој било противник, а така ќе биде и овој пат. Одиме да го освоиме првото место во групата. На хартија противниците не се атрактивни, но секако поседуваат квалитет. За мене е важно што ние не стравуваме од никого и на секој натпревар ќе одиме на три бода“, изјави селекторот Ангеловски по ждрепката во Амстердам.
Победникот од групата ќе игра во плејофот за повисоката дивизија Б, како и за пласман на Светското првенство 2022 во Катар, ако тоа не го избори прегу регуларните квалификации.