Повици во итна помош – маглата ги „загреа“ телефонските линии

АЛО БРЗА ПОМОШ, КАШЛАМ И СЕ ГУШАМ

Само до пладне десетина граѓани побарале Брза помош поради влошено здравје од маглата и загадениот воздух кои веќе трет ден го гушат Скопје. Тешко дишење и продолжена кашлица се најчестите симптоми поради кои граѓаните имале потреба од лекарска помош деновиве. Покрај лицата со хронични заболувања кои најтешко поминуваат при вакви временски услови во Службата за совет се јавувале и помлади без претходни дијагнози, пренесе ТВ Сител.

„Утрово веќе имаме 10 пациенти каде доминантен симптом е гушењето поради проблемите кои ги имаат со астмата, покрај оние симптоми кои ги имаат покачен притисок, пад на притисокот, мозочни удари, инфаркти, влошување на состојбата кај карциноми, нападфи на јавни места кај оние кои патат од падавица, изјави д-р Ѓеорѓи Карамановски“, шеф на смена во Брза помош Скопје.

Додека е вака загадено и магливо доктор Карамановски советува без некоја поголема потреба да не се излегува надвор.