Ова синоќа го објави претседателот Володимир Зеленски, додека украинската војска соопшти дека енергетската инфраструктура на земјата е под постојан руски напад.

„Во моментов, повеќе од десет милиони Украинци немаат струја, особено во регионот на Киев“, рече украинскиот претседател во видео-обраќање, додавајќи дека властите наредиле принудно итно прекинување на струјата на некои места.

Во Киев падна првиот снег, а службите работат на враќање на струјата низ целата земја откако Русија го започна, според Украинците, најтешкото бомбардирање на цивилната инфраструктура од февруари и почетокот на војната на почетокот на оваа недела.

Украина обично има долги, студени зими со просечни температури неколку степени под нулата и ниски до минус 20 степени Целзиусови.

Агенцијата на ОН соопшти дека затоа се наѕира сериозна хуманитарна криза, при што милиони ќе се соочат со „трајни прекини на електричната енергија“ оваа зима.

У