Владата на денешната седница ги прифати предлозите од Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб и донесе одлука од утре полицискиот час почнува во 21 часот, дознава ТВ21.

Исто така од утре ќе се отворат угостителските објекти но може да работат само летните тераси.

Како што беше првично најавено, за престојните празници Велигден и Рамазан Бајрам, односно од 1-ви кон 2-ри мај и од 12-ти кон 13-ти мај ќе нема никакво ограничување на движењето на граѓаните, со тоа што продолжува да важи мерката за угостителите да не работат од 21 часот до 05 часот наутро.