Потресно и крваво видео од Албанија: Сопственик на бар тероризира шпански туристи

Видеото снимено од шпански туристи на патот што води кон туристичкиот центар Саранда ќе ја чини Албанија огромен број странски туристи догодина.

Во видеото што го пренесува порталот на македонски јазик Македонски Весник-Илинденсопственик на бар качен на хауба од возилото во движење се обидува да ја скрши шоферпајбната и да влезе да се пресмета со туристите.

Тие пак советувани од нивни пријател од Албанија кој е со нив во возилото продолжуваат да возат и го снимаат инцидентот.

Во обидот да ја скрши шоферпајбната насилникот си ги раскрвавува рацете.

Хорор приказната завршува откако насилникот веќе нема сила да остане на хаубата од возилото.