Потписите за партијата на Данела Арсовска се собираат на адреса на човек близок на Груевски (ФОТО)

На фотографијата Данела Арсовска е крајно лево а Драги Митковски крајно десно.

Потписите за партијата на Данела Арсовска се собираат на адреса на човек близок на екс премиерот Никола Груевски покажува документот со кој се собираат потписи од членови основачи на партијата.

Адресата на живеење на Драги Митковски – Книга е местото каде е официјалното седиште на партијата Правда која се поврзува со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Адресата на седиштето на партијата е на улица Ѓорче Петров број * каде што живее некогашниот комшија на екс премиерот Никола Груевски, Драги Митковски Книга.

Митковски сега е близок на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со која биле блиски соработници и во Сојузот на стопански комори.

Драги Митковски е неформален екс советник на Никола Груевски за книговодствени политики и човек кој влијаел на промената на законите во овој дел за време на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Извори меѓу иницијаторите на новата партија велат дека на сите им е јасно за малата поддршка што ќе ја има партијата на следните избори но дека нивна цел е да направат штета на ВМРО-ДПМНЕ кој ме смее сама да дојде до 61 пратеник.

Пописите за партијата за која се тврди дека лидер ќе биде Данела Арсовска почнале да се собираат веднаш по промените на Кривичниот законик со кој голем број поранешни функционери, меѓу нив и Никола Груевски добија амнестија за голем дел од случаите за кои се гонат.