Потпишана роаминг декларација на самитот во Тирана: Што значи тоа за граѓаните?

Премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше на потпишувањето на Декларацијата за роаминг меѓу мобилните оператори на ЕУ и Западен Балкан, по што со објава на Фејсбук напиша:

„Денешниот договор за пониски цени во роаминг потпишан меѓу земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ, е уште една силна потврда дека ЕУ не е целосна без регионот, потврда за нашата европска иднина. Со овој договор од денес ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ, тие ќе ни се подостапни, што е практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот.

Европскиот пат на регионот е трасиран, Северна Македонија се движи со забрзан чекор кон полноправно членство во ЕУ“.

Атмосферата на самиот почеток на средбата е добра, што се гледа и од насмеаниот домаќин, но и од неговите насмеани гости.

Со овој договор од идната 2023 година Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија. Истиот договор по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји.