Потоп на македонските екипи во фудбалските еврокупови – само Шкупи го преживеа стартот

Македонските претставници во европските фудбалски купови и сезонава одиграа епизодна улога, па од четирите тима само Шкупи се пласира во следната рунда од Конференциската лига на УЕФА со ремито без голови дома против Хегелман од Литванија, кој во првиот дуел на гости го декласира со 5:0.

Следен ривал на чаирчани ќе им биде Левски од Бугарија. Првата средба е закажана за 27 јули во Скопје, а реваншот за 3 август во Софија.

Вечерва Шкендија и Македонија Ѓорче Петров го завршија настапот уште на стартот од ова натпреварување, а тоа ѝ се случи и на Струга Трим Љум прексиноќа во квалификациите за Лигата на шампионите против литвански Жалгирис. Утеха за стружани се селидбата во второто квалификациско коло за Конференциската лига и двомечот со Будуќност од Црна Гора, во кој прво ќе бидат домаќини на 27 јули.

Шкендија не ја сочува предноста од 1:0 од Скопје против Хаверфордвест, примајќи гол во претпоследната минута, со кој мечот во Велс отиде во продолженија, по кои домаќинот славеше на пенали сo 3:2.

Ѓорчепетровци, пак, по домашниот пораз од 1:0 против РФС од Летонија, загубија и во реваншот, овојпат со 4:1.