МВР објави потерница по Раиф Мифтари кој посредувал во издавањето македонски пасоши со лажен идентитет на криминалци, членови на наркокартели, но и на меѓународни банди, дознава „А1он“.

„Мифтари Раиф, од татко Емин и мајка Радифе, роден 14.11.1981 година во Скопје, каде што и живее на улица Клинска Леса. Се бара со наредба број 5 КО.БР.1126/21 од 9.4.2021 година од ОЈО Скопје за основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од КЗ на РСМ“, стои во објавената потерница на МВР.

Тој пред четири дена успеа да им избега на припадниците на МВР, кои ја спроведуваа акцијата, а во која беа уапсени десет лица. За него беше распишана локална потерница, а откога не е пронајден, Обвинителството издаде наредба за распишување меѓународна.

Тоа значи дека постојат сомневања дека Мифтари е надвор од Македонија.