Потенцијалниот наследник на Меркел се смеел при посета на поплавените подрачја (ВИДЕО)

Кандидатот за наследник на канцеларката Ангела Меркал се извини за снимката на која може да се види како се смее додека претседателот Франк-Валтер Штајнмаер дава изјава за време на посетата на областите тешко погодени од поплавите.

„Судбината на погодените, за која сме слушнале во многу разговори, е важна за нас. Затоа жалам уште повеќе заради впечатокот … Беше несоодветно и жал ми е”, напиша тој на Твитер.

Лашет е гувернер на Северна Рајна-Вестфалија, една од двете земји најпогодени од поплавите.

Тој вчера го посети градот Ерфштад со претседателот Штајнмаер. Додека претседателот даваше изјава за медиумите, Лашет стоеше позади, а фотографиите покажуваат дека тој се смее со другите членови на делегацијата што беше во посета.