Почина Марјан Додовски, поранешен пратеникво Собранието на Македонија и првиот министер за екологија.
Марјан Додовски имаше богата политичка и професинална кариера, а ќе го паметиме по проектот за спас на Дојранското езеро.
Последниот јавен настап на Марјан Додовски беше во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.
Додовски во својата кариера беше пратеник во Собранието на Република Македонија 2006-2008 година, а подоцна и министер за животна средина и просторно планирање и заменик министер за животна средина и просторно планирње.
Беше и претседател на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство и раководител на секторот за заштита на животната средина и природата во Град Скопје. 2005- 2006 година
Додовски беше и автор на книгата „Дојранско Езеро – Од агонија до живот“.
