Премиерот Зоран Заев денеска ќе ја депонира неколку пати најавуваната оставка во Собранието.
По поразот на локалните избори, Заев најави дека ќе се повлече од сите функции.
Тој веќе поднесе оставка како лидр на СДСМ, каде за нов претседател е избран Димитар Ковачевски, кој ќе биде и следниот мандатар за состав на нова влада предводена од СДСМ..
Пендаровски по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар.
Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.
Како што е најавено, Заев оставката ќе ја поднесе по новогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието.