Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скјатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”.

Довидување, другар мој.
И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го.
Тага. Збогум брате…


Последен поздрав од Игор Џамбазов до неговиот пријател Сашо Пижевски Пиже, урбсна легенда и еден од луѓето кои во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век ја создадоа таканаречена скопска ,,ноќна шема”.