Сирењето, кашкавалот, јогуртот и останатите млечни производи поскапуваат, објавува Денар. Мк
Информацијата за порталот ја споделиле трговци кои велат дека во супермаркетите ширум земјава веќе се пристигнати новите ценовници на производите од млеко.
Поскапувањето, како што се зборува, ќе изнесува од 5 до 30 денари на секој млечен производ, почнувајќи од киселото млеко и киселата павлака, па сѐ до топеното сирење и овчиот кашкавал.
Освен ова основно поскапување, на новата цена на производите ќе се додаде и маржата која од 1 јули годинава веќе не е замрзната, но и ДДВ-то од 5 проценти.

Па така, омилениот јогурт кој досега го купувавте за 80 денари, отсега ќе чини околу 90 денари. Омилениот кравји кашкавал кој досега чинеше околу 500 денари сега ќе чини до 600 денари.
Еден килограм овчи кашкавал ќе се продава за околу 900 денари, мешаниот за околу 700 денари, кравјото сирење ќе добие цена околу 400 денари, овчото сирење ќе се продава за повеќе од 500 денари.
Од маркетите по новите цени очекуваат продажбата да падне.

Извор : https://denar.mk/290788/ekonomija/novite-ceni-pristignaa-vo-supermarketite-eve-kolku-ke-poskapi-sirenjeto-kaskavalot-jogurtot