Поради одржување на Скопскиот маратон, денеска во главниот град ќе важи посебен сообраќаен режим.
На најголемата спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон 2023, во склоп на 19то издание, повеќе од 11.000 учесници се очекуваат да истрчаат низ скопските улици и да го исполнат главниот град со позитивна енергија.
Организаторите на „Виз Ер Скопски маратон“ упатуваат апел до сите граѓани да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај.
Трасата на трката ќе почне од зградата на Собранието, а според соопштението на МВР, голем дел од улиците во центарот на градот ќе бидат затворени и сообраќајот ќе се пренасочува кон околните сообраќајници.
Затворени за сообраќај ќе бидат ул.„11 Октомври“, бул. „Крушевска Република“, бул. „Трета македонска бригада“, ул. „Никола Вапцаров“, ул. „Димитрие Чуповски“, бул. „Св.Климент Охридски“, ул. „Св.Кирил и Методиј“, ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул. „Војвода Васил Чакаларов“, бул. „Крушевска Република“, бул. „Србија“, бул. „Јане Сандански“.
По изменет режим утре ќе сообраќаат и дел од возилата на ЈСП, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.
Во период од 7 до 14 часот нема да сообраќаат линиите 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25 и 59Б, а од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите со број 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57.
Со непроменета траса утре ќе останат градските линии 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45, 59 и 65В и приградските 11, 11А, 18, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 63, 63А, 63Б, 65, 65А, 65Б, 66, 66А, 68, 71, 74, 81 и 162.
Со изменета траса на движење утре ќе бидат линиите со број 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 23, 27, 28, 31, 41, 51, 67, 70, 50, 50А, 57, 59, 59А, 58, 58А и 58Б.
Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информираат дека сите учесници на Скопскиот маратон утре ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број на трката.